00:34 - 29 ноември, 2026

(Видео) Црногорската актерка ја призна врската со жена: Постара е од неа, се бакнуваат, ја нарекува „божица“…

Црногорската пејачка и актерка Катарина Богичевиќ (27) објави емотивно видео и ја покажа својата девојка, што е воедно и јавно признание за нејзината сексуалност, за првпат.

Имено, Катарина Богичевиќ ѝ се обрати на својата девојка, која ја покажа пред јавноста за првпат, со трогателни зборови. Нејзината партнерка го слави 31-виот роденден, а токму на тој ден реши јавно да ја признае истополовата врска.

– Среќен 31-ви роденден на мојата духовна сопруга, мојата муза, мојата божица – напиша таа, а потоа додаде:

– Ме научи како да бидам присутна во своето тело – целосно, слободно, без срам, без табуа. Ме потсети дека нежноста не е слабост, дека кажувањето „не“ е свето и ми покажа како да ја разбудам вистинската муза во себе. Ми покажа што значи навистина да чувствуваме, да бидеме свесни за товарот што го носиме и да се сакаме себеси целосно, длабоко, без извинување. Овој вид сестринство, каде што растот се среќава со вистината, а љубовта е ослободување, е редок и свет. Ти отсекогаш беше моето „до крајот и назад“. Те сакам бескрајно. Ти си светлина, оган, древна мудрост – и светот сè уште не те видел во сета твоја моќ. Родени сме пред нашето време и сум бескрајно благодарна што се пронајдовме во ова. Ајде да светиме диво, заедно, низ сите животи, моја Буба.

 


Целото видео беше придружено со нејзината песна „Кожа не гребе“, со стиховите: „Не сакам злато, бејби, само тебе те сакам, соблечи сè од тебе и легни на мене…“

„Нека е со среќа, вашата енергија е заразна“, „Дали е можно?“, „Малку ме шокираше“, „Целосна поддршка за љубовта, држете се девојки и уживајте“, се коментарите под нејзината објава.

 

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....