22:07 - 7 ноември, 2026

Верзијата на Лавров за нуклеарна војна: „САД и Велика Британија го отфрлија договорот“

За прв пат, од почетокот на војната во Украина, Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација и десна рака на Владимир Путин, зборуваше на италијанска и европска телевизија. Интервјуто синоќа го водеше Џузепе Бриндизи, уредник на „Зона Бјанка“, која се емитува на Рете 4 секоја недела.

Темите кои се обработуваа беа многубројни: од владата на Зеленски до италијанското новинарство, од загрижувачките хипотези за продолжување на конфликтот на глобално ниво, поминувајќи низ темата заљ баталјонот Азов, до рускиот гас и неговото плаќање во рубљи.

Лавров претстави сосема спротивно сценарио од она што го кажуваат до сега италијанските медиуми. Министерот, всушност, постојано ја нагласуваше нелегитимноста на владата на Зеленски, дури и го нарече нејзиниот подем „крвав пуч“, „поддршка на неонацистите обучени од САД“, трансформирајќи ја Украина во „инструмент на Соединетите Држави и нацистите“.

Понатаму, украинскиот претседател, според Лавтов, претставува прва пречка за постигнување конкретен мир. Министерот објаснува, всушност, како самиот Зеленски го саботирал договорот од Минск, кој се откажал од „историјата, културата и јазикот на Русија, а исто така ја откажал својата настава во училиштата“.

Новинарот Бриндизи прашува: „како може Зеленски, претседател со еврејско потекло, да биде нацист?“, а Лавров одговара: „Ми се чини дека и Хитлер имал еврејско потекло. Најголемите антисемитисти се токму Евреите “.

Според италијанските медиуми во интервјуто министерот за надворешни работи се обидувал да ја ослободи Русија од секаков облик на одговорност. Конфликтот не се нарекува „војна“, туку „специјална воена операција“; „инвазијата не ја сакаше Кремљ, но Москва беше принудена да преземе офанзива“; „целта е одбрана на цивилното население и заштита на руските граѓани од Обединетото Кралство и САД“; украинските контранапади се „со цел да се тероризираат цивилите“; масакрот во Буча е „сензационален и лажен“, а самите постапки на Москва се „погрешно претставени од западните медиуми“.

Лавров не ја штедеше ниту антируската политика што ја презема Европската унија. Западот, всушност, ја поддржа Украина во обид да создаде „воена закана за Федерацијата“. Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство се меѓу првите одговорни за трагедиите што ги доживува нападнатиот народ: „Им предложивме на нашите американски колеги да го повторат она што го кажаа Горбачов и Реган во 1987 година“.

Целта на Москва би била условување за помирување со Атлантската алијанса, потврдувајќи дека нуклеарната војна нема да има победници: „Во 2021 година, во Женева, Путин и Бајден ја прифатија оваа декларација, на наша иницијатива, но сега САД и Британија ја успоруваат“. Според Кремљ, целта за постигнување конкретен мир би резултирала со склучување договор со вистинскиот светски воин: не со Украина, туку со Соединетите држави.

Не случајно Лавров ја префрла топката, уште еднаш, на администрацијата на Бајден: можниот почеток на нуклеарна војна ќе зависи од Западот. Самата употреба на „оружје досега невидено“, најавено од Путин пред неколку дена, само би се претворило во контранапад на американското активирање на нејзиниот ракетен систем.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....