12:59 - 27 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ДОЖДЛИВИ ВЕСТИ: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и ПОСВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд, додека максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно, а особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст, и тоа особено од средината на оваа недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....