16:16 - 8 ноември, 2026

Убиецот од Тексас го најавил масакрот пред да го направи: „Одам да пукам во училиште!“

Во размената на пораки со млада девојка  од Германија, тој исто така признал: „Ја застрелав баба ми“

Неколку минути пред да го направи масакрот во Увалде, Салвадор Рамос испратил низа пораки до една девојка во Германија во кои објавил „Ќе одам да пукам во основно училиште“ и дека „штотуку ја застрелал неговата баба во глава“. Девојчето има 15 години, живее во Франкфурт и го запознала убиецот преку социјална платформа на 9 мај. Вознемирувачките пораки се испратени во 11.21 часот по локално време, 17.21 часот во Македонија, непосредно пред масакрот. Претходните денови Рамос ѝ кажал на девојката дека му пристигнала муниција.

принтскрин

Неколку минути пред да го изврши масакрот во основното училиште, Рамос ја повикал девојката и и рекол дека ја сака. Повикот дошол во 17 часот, 20 минути подоцна младиот Рамос ѝ пишал дека ја застрелал баба си во глава, а неколку секунди подоцна дека ќе пука во основно училиште. Девојката рече дека разговарала секој ден со убиецот на Фејстајм и преку апликација наречена Јубо, и дека си играла со него на друга апликација наречена Plato.

Девојката рекла дека „изгледал среќен и спокоен“. Во еден момент ѝ рекол дека ќе дојде да ја посети „наскоро“ во Франкфурт. Меѓутоа, други пораки биле вознемирувачки. Кога ѝ кажал за муницијата, на пример, таа го прашала што планира да направи, а тој одговорил: „Чекај, изненадување е“. Во друга од овие вознемирувачки пораки, убиецот напишал дека „фрлал мртви мачки по куќите“.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....