12:09 - 29 ноември, 2026

Уапсениот свршеник на Милица Тодоровиќ порано бил во врска со Јелена Розга, испливаат детали

Свршеникот на познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ, Марио Беришиќ, вчера е уапсен во елитниот дел на Белград.

Марио е приведен по потерница на Интерпол и дал изјава во полициската станица 29. ноември во Белград, каде што моментално е задржан. Тој ќе биде изведен пред Вишиот суд каде ќе биде сослушан.

Деталите сè уште не се познати, а пејачката сè уште не се огласила по откривањето на оваа информација, додека српските медиуми нè потсетуваат на неговата поранешна врска со колешката на Милица, хрватската пејачка Јелена Розга, пишува српски „Курир“.

Како што пишуваат хрватските медиуми, Розга и Марио биле во врска во 2010 година, а колку многу им цветале рози во љубовта покажува и фотографија која ја здогледа светлината на денот.

Инаку, Марио во тоа време бил сопственик на едно познато кафуле.

– Вистина е, многу сум среќна и вљубена. Марио го запознав летово преку колегата Јошко Чагаљ Јоле и можам да кажам дека е прекрасно момче. Времето го поминуваме малку во Риека, малку во Сплит – рекла тогаш Јелена.

Сепак, на крајот на 2010 година тие ја раскинале врската, а пејачката тогаш изјавила:

– Едноставно не одеше. Неодамна раскинавме – изјавила Јелена Розга за „ИнМагазин“.

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....