8.8 C
Скопје
14:07 - 22 декември, 2024

Таткото на Меган Маркл изнесе интимни семејни детали – Светот е запрепастен! (ФОТО+ВИДЕО)

Таткото на војвотката од Сасекс Меган Маркл, Томас Маркл, објавил повеќе детали од приватниот живот на сопругата на принцот Хари.

Во документарен филм од 90 минути емитуван на „Chanel 5“, видно вознемирениот Томас Маркл ја опишал потребата да ја гледа својата ќерка Меган на телевизија додека закрепнува од срцев удар.

Маркл бил многу емотивен во разговорот и признал дека е „љубоморен на принцот од Велс бидејќи ја водел неговата ќерка до олтарот“ затоа што тоа била негова работа.

„Ќерка ми изгледаше убаво. Посакував да бидам таму со неа. Благодарен сум што Чарлс беше од нејзина страна, но плачев. Не можам да го заборавам тој момент”.

Фото: Профимедиа

Томас не разговара со својата ќерка од мај 2018 година, и го обвинува принцот Хари за прекинување на нивната врска, за која вели дека се однесува како „чувствителна 12-годишничка“.

Сè се распадна по серијата телефонски повици пред кралската свадба.

Тој требало да ја одведе својата ќерка до олтарот во Виндзор, но сето тоа паднало во вода откако било откриено дека тој направил таен план со еден фотограф. Поточно, тој ги снимал своите подготовки за свадбата иако кралското семејство експлицитно ги замолило медиумите да ја почитуваат нивната приватност.

Фото: Профимедиа

Томас и понудил извинување на кралицата, но му било одбиено.

Набргу потоа, тој морал да оди во болница поради срцев удар и од лекарите му било кажано дека нема да може да патува за Велика Британија.

Маркл тврди дека, после сè, Хари ладнокрвно му рекол „ако ме слушаше, ова немаше да ти се случи“.

„Му реков: Штета што не умрев затоа што може да се преправаш дека си тажен и се скарав со него. Тоа беше тоа”, рече тој, додавајќи дека Хари му кажувал дека ќе го заштити од стресот и всушност, тој постојано му кажувал да не разговара со никого.

Маркл бил платен за најновото интервју, а изнесувањето семејни интимности за него не било проблем.

„Тие ми должат. Кралското семејство ми должи, и Хари и Меган. Морам да бидам награден за сè што поминав. Мојата ќерка ми рече дека ќе се грижи за мене кога ќе остарам. Сега сум стар – време е да се грижи за татко и” , вели тој.

Маркл се развел од мајката на Меган, Дори кон крајот на 80-тите.

Пензионираниот директор за осветлување во Холивуд, кој никогаш не го запознал неговиот внук Арчи, ја опишува неговата врска со ќерката како комплицирана. „Јас не постојам за нив“.

Таа веќе не се надева многу на помирување. „Следниот пат кога ќе ме види, веројатно ќе ме спуштат во земја“.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....