13:41 - 27 ноември, 2026

Тамара Тодевска во друштво на најинспиративните жени од Балканот!

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска синоќа во Брисел присуствуваше на настанот „Европјани кои прават разлика и кои нè инспирираат“, заедно со други жени од Западен Балкан кои се пример и инспирација за целиот свет.

Тамара е единствената од нашата земја која учествуваше во оваа кампања што траеше неколку недели.

Познатата пејачка веднаш по настанот на својот профил на Твитер сподели фотографија со останатите инспиративни жени од Балканот и порача:

– Прекрасно е да бидеш опкружен од толку инспиративни жени од Западен Балкан. Ние жените треба да се поддржуваме една со друга и да веруваме една во друга. Заедно сме посилни и заедно можеме да го смениме светот. Кој друг ако не ние?

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....