10:21 - 7 ноември, 2026

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

Композиторот Драган Брајовиќ Браја гостувал во емисијата „Гранд специјал“, каде што открил интересна приказна за настанувањето на големиот хит „Од љубов до омраза“ (Od ljubavi do mržnje- што го прослави покојниот Џеј Рамадановски.

Браја признал дека песната првично била наменета за Светлана Цеци Ражнатовиќ, но дека ситуацијата се променила кога пејачката испратила емисар да ја слуша наместо неа.

– Вистина е дека Светлана требаше да ја пее „Од љубов до омраза“. Таа беше наменета за неа, таа испратила емисар познат на сите нас да ја слушне пред неа и во нејзино име, а јас импулсивен, реков: „Налего круг“ – рекол Браја.

Композиторот потоа веднаш го повикал Џеј, кој, како што рекол, пристигнал за само 20 минути. Во меѓувреме, Браја го променил текстот за да ја адаптира песната на машки изведувач.

– Во истиот момент го повикав Џеј, кој долета за 20 минути од Дорќола до Бежанија. Јас за тоа време успеав да сменам сè во песната што беше женски род, некаде дури и смислата. Бев лут што Светлана не дојде да ја слушне – признал композиторот.

Сепак, денес Браја вели дека песната завршила во вистинските раце.

– Морам да признаам дека таа верзија, толку машка, можеби ќе испаднала и подобро и дека испадна како што треба. Таа заврши во најдобри раце, кај Џеј – заклучил Браја.

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....