04:36 - 18 август, 2026

„Тагата не исчезнува ако ја игнорираме“: Принцот Хари за најтешките моменти по смртта на принцезата Дијана

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го завршија третиот ден од посетата на Австралија со присуство на затворен хуманитарен настан, каде што Хари одржа емотивен говор на самитот во Мелбурн.

Тој изјави дека не сакал да ја преземе кралската улога по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, истакнувајќи дека токму тој систем го оддалечил од неа и дополнително ја продлабочил неговата тага.

Говорејќи за менталното здравје и личните искуства, 41-годишниот Хари призна дека во текот на животот често се чувствувал „изгубено, изневерено и целосно немоќно“.

„Во денешниот свет постои многу што нè остава анксиозни, под стрес, беспомошни и преоптоварени“, рече Хари, пренесе People.

Особено емотивен дел од говорот се однесуваше на загубата на неговата мајка, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, кога Хари имал само 12 години.

„Загубата е дезориентирачка на која било возраст. Тагата не исчезнува ако ја игнорираме. Да се доживее тоа како дете, под постојан надзор на јавноста, носи огромни предизвици. Без цел, тоа може да ве скрши“, рече тој.

Додаде дека со години ги потиснувал емоциите.

„Долго време бев емоционално отрпнат, и можеби тогаш беше полесно, но немав алатки да се справам со тоа“, појасни.

Во разговор по говорот, Хари беше уште подиректен кога зборуваше за односот кон кралската улога.

„По смртта на мајка ми, непосредно пред мојот 13-ти роденден, се чувствував отуѓено. Си реков: ‘Не ја сакам оваа работа. Не ја сакам оваа улога, не ми се допаѓа каде сето ова води’. Тоа ја уби мојата мајка и бев против тоа. Со години го игнорирав сето тоа“, продолжи Хари.

Како што кажа, пресвртницата дошла кога ја променил перспективата.

„Почнав да размислувам – што би направил ако јас бев некој друг на ова место? Како би ја искористил оваа платформа за да направам разлика? И што би сакала мојата мајка да направам? Тоа ми го смени погледот на сè“, рече тој.

Хари истакна и дека бракот и татковството дополнително го обликувале неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Слични објави

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо

И роденденот не може да ѝ помине без драма! Карлеуша отвори нов Инстаграм на полноќ, собра 10.000 следбеници, а потоа повторно го изгуби профилот!

Еспресо

(Фото) „Ноќ ми те дугује“ ја напишал за неа: На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево прошета првата љубов на Здравко Чолиќ 

Еспресо

(Фото) „Седум години подоцна, на исто место, побогата за две деца“: Ана Севиќ ужива на одмор на Миконос

Еспресо

(Фото) „17 долги, болни и тешки месеци“: Ана Костадиновска со емотивна објава за Сара и колегите од „ДНК“

Еспресо

(Видео) Сенида била нападната во клуб во Хрватска – ја гаѓале на сцената, пејачката барала помош од обезбедувањето

Еспресо
Се вчитува....