21:38 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Живее без струја и вода“: Сузана Манчиќ набрзина го продаде станот за половина милион евра и се пресели надвор од градот

Сузана Манчиќ го продала својот долгогодишен стан во центарот на Белград и одлучила да се пресели во помирен дел од градот, далеку од бучавата и загадувањето.

Како што откриваат нејзини поранешни соседи, водителката се разделила од луксузниот стан од 175 квадратни метри во улицата Кнез Милош, за кој, според нивните информации, добила повеќе од половина милион евра. Средствата ги вложила во нов дом на Вождовац, кој сè уште се уредува.

Додека траат работите, Манчиќ престојува во викендичка во Велика Моштаница, наследена од нејзиниот татко. Соседите велат дека нејзиното заминување било изненадување, но дека причините се разбирливи.

„Беше прекрасна сосетка, навистина ни е жал што си замина. Знаеме дека не можеше повеќе да ја издржи бучавата и загадувањето во центарот“, раскажуваат тие.

И самата Манчиќ кратко ја потврди промената.

„Белград стана малку неподнослив. Се селам во помирни делови, не многу далеку од градот“, изјави таа.

Инаку, станот во кој живеела повеќе од две децении бил целосно реновиран по купувањето, а се издвојувал по пространоста и терасите со поглед кон градот. Сепак, како што самата признава, животот во центарот со текот на времето станал премногу напорен, што ја натерало да донесе одлука за нов почеток.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....