21:39 - 8 ноември, 2026

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Пејачката Росана Сариќ-Тодоровска сподели емотивна порака посветена на својата сестра близначка Маријана, која се враќа во Австралија, каде што живее со семејството. По периодот поминат заедно, исполнет и со заеднички музички настапи, повторната разделба разбуди силни емоции кај Росана.

Таа во својата објава зборува за радоста кога Маријана доаѓа во Македонија, но и за тагата што ја чувствува секогаш кога сестра ѝ заминува.

„Душо моја, душичке… Среќен пат и мирно небо и благодарам за грижата околу сè, ти знаеш што… Близначки две, едната ќе ти запее, другата ќе те расплаче… Кога доаѓаш – радост и солзи, кога си заминуваш – тага и солзи, ах, живот…

Како и секогаш, ќе ми недостасуваш… Твојата харизма, позитивност, заедничките моменти и смеа, многу, многу ќе ми недостасуваат… Биди ми жива и здрава, време е да се живее животот со главна девиза дека нема реприза…

На сите луѓе, познати и непознати, на многу мал број колеги им благодарам на нивната поддршка и признание дека и по толку години, со прекрасната песна на Александар Митевски, направивме и докажавме дека сме вредни за на сцена, дека умееме, дека шириме љубов, позитивност и скромност…

Како најголема награда се нивната посетеност на заедничките настапи со Александар и Дац, нивните овации и аплаузи… Настапи кои беа и повеќе од успешни… Ви благодарам на сите од сè срце”, напиша Росана.

Росана и Маријана се меѓу најпознатите сестрински музички тандеми на македонската сцена. Како дуото Маријана и Росана оставија свој белег со бројни песни и фестивалски настапи, но со години живеат на различни континенти, бидејќи Маријана го продолжи животот во Австралија.

Нејзините престои во Македонија се можност сестрите повторно да поминат повеќе време заедно, но и да се вратат на сцената. Последниот период беше особено значаен за нив поради песната „Засекогаш млади”, која ја снимија заедно со Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.

Песната донесе и заеднички настапи, а Росана во својата порака посебно се осврна на реакциите на публиката. За неа, посетеноста, овациите и аплаузите се потврда дека и по толку години публиката не ги заборавила Маријана и Росана и нивната музика.

Сега, по уште еден период поминат заедно, следува нова разделба. Токму неа Росана ја сумираше во неколку лични зборови до својата близначка: кога доаѓа носи радост и солзи, а кога заминува – тага и солзи.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....