20.8 C
Скопје
13:52 - 20 октомври, 2026

Станија конечно ќе се мажи, една свадба во Америка, друга во Србија! Асмин ги откри деталите: Таа избира сè, а јас плаќам

смин ги откри деталите од венчавката со Станија, која сите со нетрпение ја посакуваат

Станија Добројевиќ, српска старлета и поранешна учесничка на реалити ТВ-шоуа е подготвена да направи голем чекор во животот и конечно да застане пред олтарот со Асмин Дурџиќ.

Асмин синоќа гостувал во една емисија каде споделил информации за венчавката која наскоро треба да се одржи.

Свршувачката се случи минатата година, а сега решија да направат голема прослава.

– Се свршивме минатата година и никогаш не ја раскинавме свршувачката. Кога беше лута, ме блокираше еден месец – рекол Асмин, а на прашањето дали се подготвува свадба, како и да открие некои детали, рекол:

– Ако даде Господ… Морам да се потрудам, Станија мора да ги изнесе деталите, нејзе ѝ препуштив да избере, а јас го презедов машкиот дел – рекол Дурџиќ.

Како што пренесуваат медиумите, Станија планира дури две свадби – едната во Америка, на Флорида, а другата во Србија. Спектакуларната прослава, според извор близок на младенците, ќе биде организирана во две земји, а двете церемонии ќе бидат вистински настани за паметење. Тие двајца се подготвени да започнат нов заеднички живот.

– Станија и Асмин веќе го одредиле датумот на венчавката. Асмин е толку вљубен во Станија што не прашува колку ќе го чинат двете свадби. Едната ќе биде во Србија, а потоа ќе им приреди прослава на пријателите од Америка, во Флорида – започнува изворот.

Организацијата на двете свадби ѝ ја доверил на Станија, додека тој ќе биде задолжен за финансискиот дел.

– Станија планира да има повеќе од 200 гости на свадбата од бајките, а меѓу нив ќе има и јавни личности од светот на шоубизнисот. Богата гозба, десеткатна свадбена торта и огномет се само дел од она што планираат да го направат за своите гости. На нивната свадба ќе пее познат бенд, а веќе избрале еден од најпрестижните ресторани во Белград – открива нашиот извор и посочува дека младенците нетрпеливо го чекаат денот кога ќе се заколнат на својата вечна љубов:

– Станија е многу возбудена, сака тој ден сè да биде совршено, детално се подготвува и внимава на секој детаљ. На свадбата ќе бидат поканети новинари, па пошироката јавност ќе има можност да ги види сите детали од венчавката.

По гламурозната прослава во Србија, славниот пар ќе ја одржи свадбената церемонија на егзотична дестинација на Флорида.

– Во Америка ќе имаат поинтимна прослава, само за најтесниот круг на пријатели и членови на семејството. Тие планираат да организираат свадба на омилената плажа на Станија. Иако ова задоволство ќе ги чини скапо, за Асмин тоа не е проблем. Најважно за него е да ја израдува својата сакана и сè да биде како што таа замислила. Едвај чека да се ожени со неа, се согласи на сите нејзини услови – рекол на крајот изворот.

Слични објави

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо
Се вчитува....