17.8 C
Скопје
14:27 - 20 април, 2024

СПОРЕД ФОРБС: Топ 10 најплатени познати личности во шоубизнисот во САД во 2022 година

Магазинот Форбс, референтен магазин за економија и финансии, неодамна објави рангирање со личностите од американскиот шоубизнис кои според нивните проценки ќе заработат најмногу во оваа 2022 година.

Долго време музичарите не можеа да настапуваат во живо, но и глумците и режисерите не можеа да ги прикажуваат своите филмови во полните сали, сепак, за 2022 година се очекуваат големи зголемувања на приходите во овие области. Во меѓувреме, многумина од уметниците се збогатија продавајќи ги правата на се што произвеле во текот на нивната кариера за огромни суми.

Ајде да видиме кој најмногу се обогати.

10 – Боб Дилан (130 милиони долари)

Текстописецот и нобеловец Боб Дилан неодамна ги продаде сите права на неговите претходни албуми, и плус идни албуми на Sony Music за неверојатна сума – станува збор за над 200 милиони долари.

9 – Рајан Тедер (160 милиони долари)

Еден од омилените ликови во светот на музиката. Рајан е најпознат како фронтмен на хит групата One Republic, но тој е и успешен бизнисмен и автор на некои од најпознатите хитови во поновата музичка историја со соработките со  Бијонсе, Адел и Ед Ширан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R Y A N T E D D E R (@ryantedder)

8 – Тајлер Пери (165 милиони долари)

Лик од светот на кинематографијата кој опфаќа различни улоги –  актер, сценарист, драматург и режисер, а поседува и филмско студио во неговата Атланта. Глумеше и во хитот на Нетфликс од 2021 година, Don’t Look Up.

7 – Пол Сајмон (200 милиони долари)

Во 2018 година се повлече од јавниот живот за да биде со семејството, а оттогаш се појавува само кога сака. Ги продаде правата на целата своја дискографија (повеќе од 400 песни) на Sony во текот на изминатата година, но бројките за договорот не беа откриени.

6 – Треј Паркер и Мет Стоун (210 милиони долари)

Овие две имиња можеби звучат непознати за повеќето, но двајцата е креатори на една од најуспешните серии досега: South Park. Серијата започна во 1997 година и продолжува до ден-денес со 23 сезони. Лани двајцата потпишаа договор од 900 милиони долари за обновување на серијата за уште 6 години на платформата Парамаунт.

5 – Канје Вест (235 милиони долари)

Сите го знаат и сите зборуваат за него, тој е во центарот на озборувањата откако раскина со Ким Кардашијан, но е и успешен бизнисмен. Всушност, музиката е само дел од неговиот бизнис, инаку си има договор со Адидас за дизајнот на многу продаваниот модел на патики- Yeezy. Станува збор за повеќегодишен договор и бројките, иако не се познати, сугерираат дека продажбата на патиките инкасира милијарди долари.

4 – Двејн „Карпата“ Џонсон (270 милиони долари)

Уште еден лик за кој не е потребен вовед: актер и борач, тој е е една од најпознатите личности во светот на кинематографијата во последните години. Во последната годинаглумеше во два многу успешни филма: Jungle Cruise и Red Notice, но и покрај тоа негов главен извор на приход е продажбата на неговиот бренд за текила, Teremana.

3 – Џеј Зи (340 милиони долари)

Познатиот рапер, и сопруг на Бијонсе, веќе со години е еден од најактивните музичари во деловниот музички свет. Во изминатата година тој неизмерно се добогати со продажба на услугата за стриминг Tidal и со неговиот бренд Шампањ.

2 – Брус Спрингстин (435 милиони долари)

Таканаречениот „Шефот“, еден од најуспешните пејачи на сите времиња, е третиот пејач на оваа топ листа што ги продаде правата на целата своја дискографија на Sony. Се проценува дека склучил договор за права  во вредност од околу 550 милиони долари.

1 – Питер Џексон (580 милиони долари)

Режисерот на сагата „Господарот на прстените“ е автор на некои од филмовите со најголема заработка во историјата на кинематографијата. Ја продаде својата компанија за специјални ефекти за повеќе од 1,5 милијарди долари минатата година, со што стана трета личност –  милијардер од заработка само од филм, по уште два гиганти –  Џорџ Лукас и Стивен Спилберг.

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо
Се вчитува....