15:29 - 9 ноември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

DISE (Drug-Induced Sleep Endoscopy) е современа дијагностичка процедура, која овозможува да се види како се однесуваат дишните патишта во услови слични на природниот сон.

Доколку имате гласно ‘рчење, прекини во дишењето за време на спиењето, будење со чувство на гушење, утринска главоболка или прекумерна поспаност во текот на денот, можно е да постои опструктивна слип апнеа (sleep apnea).

Каде точно настанува блокадата на дишните патишта?

DISE (Drug-Induced Sleep Endoscopy) е современа дијагностичка процедура, која овозможува да се види како се однесуваат дишните патишта во услови слични на природниот сон.

Како се изведува?

Пациентот лежи удобно и добива контролирана медикаментозна седација, со која се предизвикува состојба слична на спиење. Во текот на процедурата пациентот е под континуиран медицински мониторинг.

Фото: Промо

Со помош на тенок и флексибилен ендоскоп, кој внимателно се внесува низ носот, се прегледуваат горните дишни патишта додека пациентот спие.

На тој начин можеме да утврдиме:
• каде се јавува стеснувањето или колапсот
• дали проблемот е на ниво на мекото непце
• дали постои опструкција во пределот на јазикот
• каква е улогата на епиглотисот и на другите структури
• дали постои една или повеќе точки на опструкција

По завршувањето, пациентот се буди под медицински надзор и најчесто по краток период на закрепнување може да си замине дома според процената на медицинскиот тим.

Зошто е важна DISE?

Кај секој пациент слип апнеа не настанува на ист начин. Затоа е важно да се открие точното место и механизмот на опструкцијата.

Резултатите од DISE можат да помогнат при изборот на најсоодветниот третман – CPAP, орални апарати или соодветна хируршка терапија, зависно од наодот.
DISE – прецизна дијагноза, подобар избор на терапија, индивидуален пристап.

За повеќе информации и закажување термин, јавете се на тел. 02 3091 484

Д-р Данчо Шурков
Специјалист по оториноларингологија

Комерцијален текст.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....