20:35 - 15 ноември, 2026

Снаата на Драгана Мирковиќ го криела ова од сите! Вистината за бремената девојка на Марко излезе на виделина

Снаата на српската пејачка Драгана Мирковиќ е бремена и наскоро ќе ѝ подари внуче, а пред да влезе во врска со синот на пејачката, Мелани Димитријевиќ наводно сакала да биде дел од едно реално шоу.

Избраничката на синот на Драгана, Марко Бијелиќ, живее во Виена, а на социјалните мрежи ја следеле повеќе од 20.000 луѓе. Таа често позирала во провокативни изданија, а нејзините фотографии во бикини биле „лајкувани“ стотици пати.

Меѓутоа, откако дознале дека ќе станат родители, Марко и Мелани ги избришале своите социјални мрежи, а како што сега пишуваат српските медиуми, снаата на Драгана наводно сакала да си ја проба среќата во реално шоу.

– Мелани се обиде да закаже состанок преку некои пријатели кои сега се во реалното шоу, а тие велат дека дури отишла и на состанок со луѓе од продукцијата за да види дали ќе биде во реалното шоу. На социјалните мрежи има дури и фотографии направени покрај езерото во Шимановци на имотот. Тоа беше сè додека не почна да се забавува со синот на Драгана, Марко. Кога го запозна Марко, сè падна во вода – тврди извор за „Скандал“!

Бидејќи децата на Драгана ретко се изложуваат во јавност, немаше многу можности да се видат Мелани и Марко заедно, но синот на пејачката објави неколку фотографии со својата атрактивна девојка на својот инстаграм-профил.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ потврди дека ќе добие внуче и дека е исклучително среќна поради тоа.

Слични објави

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо
Се вчитува....