03:51 - 8 ноември, 2026

СЛУШНЕТЕ ЈА Вера Литовченко, виолинистка под бомбите: „Ова е мојата музика за Украина“

Кога Вера Литовченко ја зема виолината и почнуваат да одѕвонуваат нотите од песните на Днепар (четврти по големина град во Украина, со околу еден милион жители), се изгледа уште поапсурдно и нереално. Затоа што таа песна е нејзина семејна песна, украинска, но испеана на руски јазик. Затоа што таа песна одлично го опишува Харков, нејзиниот град, денес  -како што вели – поделен меѓу две души, мета на руските војници.

Вера веќе петнаесет дена е во подрумот на нејзината куќа во Харков, универзитетскиот центар и втор по големина град во Украина, град под руска окупација. Многумина го нарекуваат ново Сараево.

Петнаесет дена домашната визба стана прибежиште и концертна сала.

Вера свири за себе, за татко ѝ и за соседите. Со нејзината музија ја храни отпорната душа на украинскиот народ кој не бега од својот дом и не се повлекува.

„Зборувам руски и сум Украинка. Ова е моја земја, јас не си одам “, вели музичарката.

На музичарката не ѝ недостига трпение да одговара на прашањата кои ги добива преку социјалните мрежи иако интернетот постојано „паѓа“.

Во подрумот е и свири, засадила и неколку цвеќиња, додека Харков со денови е под бомби. За неа, како што вели, секој ден е свет. Сепак, да се излезе надвор од визбата е опасно.

„Пред војната бев музичарка. Учев виолина од 7-годишна возраст, студирав на Конзерваториумот и сега сум дел од оркестарот на театарот Харков и предавам на музичката академија. Музиката ни помага да одиме напред, нè поддржува. Свирам за себе и за моите соседи. Музиката за неколку моменти не спречува да размислуваме на бомбите“, објаснува таа.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....