6.8 C
Скопје
03:03 - 30 јануари, 2026

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ОД ГОСТИВАР СЕ РАСПЛАКА И ПРИЗНА: Само што се измерив на вага, се чувствувам дебела, одвратно!

Објавата е поддржана со фотографија од нејзиното тело, признавајќи дека за време на празниците не се чувствува удобно во сопствената кожа.

Американската пејачка Бебе Реџа (32), која е по потекло од Гостивар, сподели емотивно видео за нејзината борба со вишокот килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

„Значи, празници се и знам дека сите треба да бидеме среќни“, започна 32-годишната пејачка во видеото објавено на TikTok и продолжи:

„Мислам дека сум најтешка од што некогаш сум била. Само што се измерив и не се чувствувам удобно да го споделам со вас бројот на килограми“.

Реџа, чие вистинско име е Блет Реџа, плаче додека го снимала видеото: „Едноставно се чувствувам одвратно, знаете, во сопственото тело“, рече таа.

„Не се чувствувам добро во своја кожа, а кога не се чувствувам добро, не сакам да објавувам ништо и навистина тоа е причината што не објавував во последната година или барем колку што објавував порано“, рече таа.

@beberexhaHonest update.♬ original sound – BebeRexha

Реџа признала и дека нејзината борба со изгледот односно со вишокот килограми доаѓа од „повреденост и збунетост“ , но и до незнаење како да си помогне. Таа понатаму признава дека се бори и со тоа како да се сака себеси.

Бебе Реџа е родена на 30 август 1989 година во областа Бруклин во Њујорк, а нејзините родители се етнички Албанци. Нејзиниот татко, Фламур Реџа, е роден во Дебар, Македонија. Емигрирал во САД на 21 година. Таму се оженил со Букурија, родена во Америка, во албанско семејство по потекло од Гостивар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....