14:05 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОВСКИ НАЈАВУВА: Ни доаѓа сончево време, проверете кога!

– Како што најавивме за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди, подолги во недела. Утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени. Максималните дневни пак исто така ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.

И во Скопскиот регион викендов времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди.

Утре се уште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -7 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени. Постепен пораст на температурите исто така ќе има од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....