21.8 C
Скопје
11:03 - 7 мај, 2024

Милијардерот ИЛОН МАСК има седум деца, а се женел трипати!

Бројот на децата на Илон Маск за кратко време прилично се зголеми, а многумина беа заинтригирани од веста за доаѓањето на малото девојче со необично име во семејството на моментално најбогатиот човек во светот.

Могулот на Тесла и неговата партнерка, пејачката Грајмс тајно го дочекаа нивното второ дете, девојчето со име Екса Дарк Сидерел, родено преку сурогат мајка во декември 2021 година. Веста за раѓањето на бебето дури сега излезе во јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk 🍥 (@elonofficiall)


Малото девојче со необично име, кое родителите го викаат едноставно Ипсилон (Y), им се приклучи на шесте други деца на Маск – Грифин, Хавиер, Каи, Саксон, Демијан и Икс (Х).

Невада Александер Маск

По венчавката во јануари 2000 година Маск и канадската писателка Џастин Вилсон во 2002 година го добија синот Невада Александер Маск. Меѓутоа, животот на малото момче трагично заврши по само 10 недели – тој почина од СНДС, односно синдром на ненадејна смрт на доенче.

Грифин и Хавиер Маск

По трагичната загуба на првиот син, Маск и неговата тогашна сопруга Џастин Вилсон започнаа постапка за „ин витро“ оплодување и во април 2004 година ги добија близнаците Грифин и Хавиер Маск.

Каи, Саксон и Демијан Маск

Поранешниот брачен пар со вештачко оплодување доби уште три сина. Каи, Саксон и Демијан се родени во јануари 2006 година и сега имаат 16 години. Маск и Вилсон се разведоа во 2008 година и го делат старателството за нивните пет синови.

Х АЕ А-ХII Маск

После двата брака со ѕвездата на Западен свет, Талула Рајли, и кратката врска со актерката Амбер Херд, Маск во мај 2018 година почна да се забавува со пејачката Грајмс. Таа во мај 2020 година го роди нивниот син Х АЕ А-ХII, а родителите скратено ко викаат Икс (Х). Тој прво се викал X Æ A-12, но Æ и 12 го кршеле законот на Калифорнија зашто не се дел од англиската азбука, па родителите морале да направат промени во името. Во септември 2021 година се проширија гласини дека Маск и Грајмс ја раскинале врската.

Екса Дарк Сидерел Маск

Во март 2022 година Грајмс откри дека таа и Маск го дочекале нивното второ заедничко дете, а воедно и првата ќерка на милијардерот. Девојчето родено со помош на сурогат мајка го доби името Екса Дарк Сидерел Маск.

Во интервју за Vanity Fair Грајмс го нарече Маск нејзин дечко, иако нивниот однос го опиша како флуиден. Но, само неколку часа по објавувањето на новиот број на Vanity Fair пејачката на Твитер објави дека таа и Маск повторно раскинале.

Слични објави

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Не сакам да умирам на рати“

еспресо

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо
Се вчитува....