21.8 C
Скопје
02:40 - 10 септември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА какво време ќе имаме викендов и ги предупредува ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!

– Како што најавивме, утре во Македонија времето ќе се задржи сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат РАНО ЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени. Потоа во недела и тоа под влијание на влажна и ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северозападен правец. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени. Нова стабилизацвија на времето и многу повеќе сонце ќе има уште од самиот почеток на следната недела – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурата ќе се искачи до околу 24 степени. Нови врнежи од дожд ќе има во недела, а ќе дува и засилен северозападен ветер. Температурата позначително ќе опадне и максималната дневна во недела ќе се искачи до околу 12 степени. Потоа во самиот почеток од следната недела времето ќе биде стабилно, суво и значително посончево.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Поради продорот на студена воздушна маса од север, но и поради разведрувањето, во првите денови од следната недела наутро минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на повисоките планински места истите се очекува да се спуштат дури и под -5 степени. Токму поради ова на многу места се очекува појава на МРАЗ со што ги предупредуваме на земјоделците навремено да си ги заштитат своите земјоделски култури, заклучува Попоски.

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....