15.8 C
Скопје
09:04 - 1 мај, 2024

Несекојдневен МАКЕДОНСКИ ХОРОР ЗА ВЕШТЕРСТВО: Вакво нешто досега не е снимено – пишуваат босанските медиуми!

На годинешниот филмски фестивал Санденс премиерно беше прикажан дебитантскиот игран филм „Нема да бидеш сама“ на македонскиот режисер Горан Столевски. Хорор приказната за вештерството никого не може да остави рамнодушен, a интересно е што за неа пишува и најпосетуваниот босански портал Klix.ba. 

Зад текстот се потпишува авторот Инес Мреница, а објавен е вчера.

„Постои еден израз што сигурно не се вклопува во терминологијата на филмската критика, но живо го доловува гледањето на „Нема да бидеш сама“. „Да се наежиш“ е првиот впечаток по гледањето на забележениот наслов од овогодинешниот натпревар на фестивалот Санденс, кој се одржа онлајн. Филмот го режираше Горан Столевски, Македонец што живее во Австралија и се занимава со проучување на фолклорот и вештерството како своевидно бегство од домашната изолација на жените во зафрлените македонски села во 19 век.

Главната улога и беше доверена на шведската актерка Нооми Рапас, која се прослави како злоставуваната хакерка Лизбет Саландер во шведската филмска адаптација на трилогијата „Милениум“, базирана на романите на Стиг Ларсон. Таа неодамна глумеше и во постапокалиптичниот трилер на Нетфликс „Црн рак“ и го покажа својот препознатлив талент во приказната што нема никаква врска со поднебјето од кое доаѓа. Во филмот се вика Босилка и сведочи дека вештерките може да се палат на клада, но некои од нив секогаш ќе талкаат по земјата во потрага по свежа крв, дури и во Македонија.

Некои филмови ни се допаѓаат од првата минута, а за некои е потребно повеќе време. Филмот „Нема да бидеш сама“ спаѓа во вторите и ги восхитува оние што ќе му дадат шанса да се докаже. Уметничкиот хорор филм, во кој повеќе внимание се обрнува на естетиката и егзистенцијалните прашања отколку на стравот, ги прилагодува познатите правила на вештерството на потребите на приказната.

Како и повеќето работи во шокантното долгометражно деби на Столевски, ништо не е како што изгледа. Митската вештерка во улога на старата слугинка Марија (целосно непрепознатливата Анамарија Маринка од романскиот филм „4 месеци, 3 недели и 2 дена“) од непозната причина се приближува до едно планинско село во Македонија во 19 век за да прогонува едно новороденче.

Мајката на бебето очигледно не е свесна за изопачениот универзум, како некој од оние на браќата Грим, во кој треба да живее, како и за фактот дека не може да се преговара со сурова вештерка. Застрашувачката стара дева Марија, позната и како Волкождерка, го бара невиното дете на жената, па очајната селанка не може да направи ништо друго освен да го прифати бесмислениот договор да го одгледува девојчето додека не наполни 16 години. Вештерката со црни шилести нокти, бели прамени во косата и лице како Фреди Кругер што сигурно ќе го исплаши секој смртник, се согласува со договорот.

Трпеливо чекајќи го моментот, ова древно зло ја претвора девојката во вештерка. Љубопитна за човечкиот живот, новата млада вештерка случајно убива селанка во блиското село, а потоа добива форма на својата жртва и го живее животот во позајменото тело. Нејзината љубопитност се разгорува, па таа продолжува да ја користи оваа страшна моќ за да разбере што значи да се биде човек“, пишува авторката Мреница за Klix.ba..

Инаку хоророт е снимен во Србија, во село Покревеник препознатливо по камените куќи со камени покриви. Повеќе за освртот на филмот прочитајте – ТУКА.

Слични објави

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Магнетски привлечни за празниците: Три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни на почетокот на мај

еспресо

Кејт Мидлтон го демантираше принцот Хари: „Се ожени поради калапот“

еспресо

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо

Харис Џиновиќ откри дали има нова девојка: Чаршиските муабети се сè погласни!

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо
Се вчитува....