8.8 C
Скопје
21:06 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога да не излегувате без чадор!

– Како што најавивме утре и во четврток ќе има нешто повеќе облачност, а во текот на утрешната вечер, како и во четврток ќе има појава на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, што значи ќе биде значително потопло преку ден за разлика од изминатите денови кога имавме многу студено време. Веќе во петок, како и за време на викендот и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север и од североисток ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО, а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од снег. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и особено за време на викендот минималните понекаде повторно ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре и во четврток ќе се задржи релативно топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, а времето ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено ќе има повеќе облачност и тоа особено во четврток кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

Според Попоски  од петок па за време на викендот температурите повторно ќе бележат тенденција на пад и ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно минималните ќе се спуштаат до околу -4 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат до околу 8 степени.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....