09:01 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Убава вест, МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце, проверете кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Во источните предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Според Попоски утре ќе се задржи променливо облачно и СТУДЕНО време за овој период од годината со сончеви периоди, додека во првите денови од следната недела ќе има МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и овој викенд истите понекаде ќе се спуштаат дури до околу -15 степени, додека максималните особено од понеделник ќе бележат тенденција на постепен пораст, што значи ќе има постепено затоплување на времето.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....