05:12 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Пак пороен дожд и грмежи!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено попладне и навечер од запад и од југозапад ќе се прошират врнежи од дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе има услови за послаби врнежи од дожд, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Утре, Според Попоски, и тоа особено претпладне сеуште ќе има повремен локален дожд и снег на планините, додека во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето.

Повторно појава на локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток, кога ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Нова стабилизација на времето се очекува од петок. Што се однесува до температурите, тие особено од среда ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека во најтоплите предели истите ќе има услови да се искачат до околу 25 степени, и тоа особено од петок.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....