10.8 C
Скопје
22:07 - 19 октомври, 2026

Шокантни детали за раскинувањетo: Ана Николиќ го демолирала студиото на композиторот Рале

Ана Николиќ на своите следбеници на Инстаграм им откри дека ја прекинала врската со Горан Ратковиќ Рале и дека тие двајца никогаш повеќе не можат да бидат пријатели.

Иако во својата објава изјави дека Рале е виновен за раскинувањето, како што пишуваат тамошните медиуми, таа приказна наводно не е точна. Композиторот и пејачката беа во врска повеќе од пет месеци. Нивната врска беше проследена со разни турбуленции и скандали, а сето тоа наводно се случило поради љубомората на Ана. Не можела да поднесе што нејзиното момче има многу контакти со нејзините колешки, па често создавала драма, а последната од серијата која решила да раскине се случила пред неколку дена, пишуваат медиумите.

Една од младите пејачки отишола во студиото на Рале да слушне дел од неговите композиции, а во тој момент се појавила Николиќ, пишуваат тамошните медиуми.

– Ана отиде кај Рале и знаеше дека оваа нова пејачка ќе биде таму. И таа ми кажа која е, но новите не ги знам. Меѓутоа, она што ја изнервирало и ја одвело во драма е тоа што девојката била облечена во краток фустан. Како што ми кажа и самата, ако се сеќаваш кога на Раста ја изгреба колата, истото го направи и сега, само што не беше колата, туку го скрши екранот на компјутерот на Рале, и го фрли низ прозорецот. Потоа искршила се што ѝ паднало при рака, го демолирала неговото студио. Таа ми го кажа ова на шега, а јас и реков дека не е шега и дека претерува. Знам и дека Рале на секој начин се трудеше да го направи добар односот со Ана, па многу смирено реагираше на нејзините драми – рекол извор за српските медиуми.

– Рале подготви многу нови песни за Ана, вложи многу труд, но едноставно не може да се справи со неа. Близок сум со неа, па можеби не е важно што зборувам вака, но знам и дека Рале беше добар избор за неа и жал ми е што се заврши вака. Но, кој знае. Тоа се Рале и Ана, се е можно – ја завршил приказната соговорникот.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....