19:07 - 7 ноември, 2026

Серијата за Клеопатра на Нетфликс ги разгневи Египѓаните, ќе тужат: „Клеопатра била Гркиња и била бела“

Не престануваат реакциите за црната Клеопатра во новата серија на Нетфликс. Откако Клеопатра во ликот на Црнкиња ги стави Твитерџии во бес, сега работите стануваат посериозни.

Адвокат поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обид да го „избрише египетскиот идентитет“, а најпознатиот египетски археолог инсистира дека Клеопатра имала „бледа кожа, а не црна“. А продуцентите на докудрамата велат дека потеклото на Клеопатра е сомнително.

Клеопатра е родена во Александрија во 69 п.н.е. и била последната кралица од династијата основана од Птоломеј, генералот на Александар Македонски. Птоломејската династија зборувала на грчки јазик.

Таа го наследи нејзиниот татко Птоломеј XII на тронот. 51 година п.н.е и владееше до нејзината смрт дваесет години подоцна. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Идентитетот на мајката на Клеопатра е непознат, а историчарите веруваат дека е можно таа да била домородна Египќанка или од некој дел на Африка.

Клеопатра во серијата на Нетфликс ја игра Адел Џејмс, која е од мешана раса и со африканско потекло. Продуцентите  велат дека тоа е одраз на „вековната дебата за расата на Клеопатра“.

Џејда Пинкет Смит, сопругата на Вил Смит и американска актерка која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: „Не гледаме или слушаме често приказни за црните кралици, и на мене, на ќерка ми и на нашата заедница ми е многу важно таквите приказни да се познати“.

Серијата е на удар на осуди и во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица.

„Тоа е целосна лага. Клеопатра била Гркиња, што значи била бела.

„Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црна“, рече тој.

Адвокатот Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Нетфликс е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет. Актерката Адел Џејмс на Твитер кратко одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....