21.8 C
Скопје
17:20 - 1 мај, 2024

Тепачка за наследството по смртта на Видоје: Николина Пишек сега е загрозена и од екс-сопругата Лана и нејзината ќерка, може да ѝ земат сè

Семејната драма околу наследството по смртта на Видоје Ристовиќ не стивнува, а вдовицата Николина Пишек минатиот понеделник имаше закажано рочиште во Општиот граѓански суд во Загреб.

Тоа беше обид да се смири со Матеја, малолетната ќерка на покојниот сопруг Видоје Ристовиќ од првиот брак. Сепак, судењето беше откажано поради болест на судијата и не се знае кога ќе продолжи.

Откако Видоје почина минатата година од срцев удар, и една година подоцна поделбата на наследството сè уште не е завршена. На судските постапки не им се гледа крај, а рочиштата се откажуваат.

Таткото на Видоје, Виктор, попознат како Миша Гроф, изјави дека не сака Николина Пишек да го наследи имотот, а сега во приказната за наследство се приклучи и првата сопруга на Видоје, Лана Ристовиќ.

– Никогаш ништо не сум спорела со Матеја, но нивните амбиции се малку преголеми. Сега навистина можам да кажам дека веќе немам семејство од таа страна. Се е во рацете на правдата и судството. Се обидуваат да се вклопат во мојот имот и сопственост, а ако не, тогаш барем максимално да го успорат целиот процес за да ја изгубам економската сила и што повеќе да се исцрпувам со судските процеси. И во моментов имам минимум осум активни процеси, ако не и повеќе – изјавила Николина по уште едно одложено рочиште на кое требаше да се соочи со ќерката на Лана и Видоје, Матеа, пренесува Јутарњи.хр.

Лана и Николина си беа поддршка една на друга на погребот на Видоје на Новите гробишта во Белград, а во некои моменти и се гушкаа. Полусестрите пак, Матеја и Уна се држеа за рака за време на збогувањето со татко им.

Инаку, Видоје ја остави Лана во 2011 година за актерката Катарина Радивојевиќ, како што пренесуваа српските медиумите, но останале во добри односи поради ќерката.

Таткото на Видоје по смртта на синот е во лоши односи со Николина, а не ја гледа воопшто внуката Уна. Меѓутоа, неговата внука Матеја секој ден доаѓала кај него по смртта на нејзиниот татко, како што пренесуваат српските медиуми.

-Постарата внука Матеа, која Видоје ја имаше во брак со Лана, е многу тажна и депресивна, многу пати по татко и, свесна е за се. Секој ден ми доаѓа, мајка и Лана уште плаче за Видоје. Матеа е иста како Видоје, многу личат – изјави Миша Гроф неодамна за српски Курир.

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо
Се вчитува....