13:19 - 7 ноември, 2026

Славен британски готвач ја критикува тортата за крунисување на Чарлс Трети: И не е единствен, има и други жестоки критичари на „кралските“ јадења

Британски готвач и слаткар изјави дека на крунисувањето на кралот Чарлс III му се потребни две клучни промени.

Победникот на големиот британски Bake Off, Дејвид Атертон, откри две состојки за кои мисли дека треба да се додадат на тортата за крунисување на Чарлс III и Камила Паркер-Боулс за колку-толку тортата да се „зачини“.

„Ми се допаѓа изгледот на филот, тој е свеж и зелен, но дефинитивно ќе додадам малку аспарагус и чаден лосос или барем сино сирење“, објасни тој.

Рецептот за тортата за крунисувањето на Чарлс III е развиен од готвачот Марк Фланаган, кој е задолжен за кралските вечери од 2002 година. Монарсите го избраа кишот како официјално јадење на свечените гозби, бидејќи сметаат дека питата е лесна за подготовка и не е многу скапа во однос на состојките.

„Пита со крцкава кора од лесно тесто и нежни вкусови на спанаќ, грав и свеж тарагон. Јадете ја топла или ладна со зелена салата и варени компири – совршена за големиот ручек за крунисувањето“, е опишано на веб-страницата на кралското семејство.

Околу менито – поточно изборот на храна – по повод крунисувањето има повеќе негативни коментари од разни готвачи.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....