07:03 - 8 ноември, 2026

Сергеј Трифуновиќ повторно заврши во затвор: Го ослободиле за 24 часа

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно завршил во затвор, но за брзо време бил ослободен, јавуваат српските медиуми.

Трифуновиќ вчера излегол од затвор, каде поминал 24 часа. Имено, актерот на 10 октомври на покана на Стопанскиот суд се пријавил во Јавното обвинителство на улица Бачванска поради неплатена парична казна, по што веднаш по пресудата бил спроведен во затвор.

Тој поминал само 24 часа зад решетки, бидејќи веќе следниот ден некој ја платил казната за прекршокот и актерот бил ослободен.

Да потсетиме, Сергеј Трифуновиќ неодамна беше уапсен во Сплит, откако граѓаните се пожалија на начинот на кој го шета своето куче. Според хрватските медиуми, Трифуновиќ по пристигнувањето на полицијата наводно почнал да ги навредува и омаловажува полицајците, поради што бил однесен во станица. На крајот за само два дена плати дури и неколку казни, а една година му беше изречена забрана за влез во земјите на ЕУ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....