04:57 - 28 ноември, 2026

Селма Бајрами го обвини дека ѝ наместил линч: Српскиот водител Огњен Амиџиќ жестоко возврати

Откако на 22 јануари беше вратена од белградскиот аеродром бидејќи и официјално ѝ беше забранет влез во Србија, по налог на поранешниот директор на БИА Александар Вулин, фолкерката Селма Бајрами не престана да се експонира во јавноста.

Во екот на скандалот, Селма им посака на „непријателите да умрат“, објави видео од Белград, чиј датум не е познат, а потоа го повика Новак Ѓоковиќ дека се дружи со пејачката од Приштина, Рита Ора.

Пејачката изрази сомнеж дека скандалот ѝ го наместил водителот Огњен Амиџиќ на емисијата во која гостувала.

Сега на оваа тема проговори водителот Амиџиќ кој нема посебен однос со пејачката поради непријатностите во емисијата и нејзината изјава потоа, и накратко го кажа своето мислење:

– Нејзе и се дава непотребно значење – кратко изјавил Огњен за „Телеграф“, а Селма меѓу другото тврдела дека Амиџиќ организирал да ја линчуваат во Србија.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....