21:27 - 27 ноември, 2026

Се разведе Емили Ратајковски! Манекенката конечно стави крај на бракот со 10 години постариот актер

Манекенката Емили Ратајковски (34) и актерот Себастијан Бер-Меклард (44) официјално се разведени по речиси три години правна битка, открива „Дејли мејл“.

Според судските документи, одлуката за развод е донесена на 22 јули во Врховниот суд во Њујорк, со што Емили и Себастијан се законски разведени. Истиот ден, поднесена е наредба во врска со здравственото осигурување на нивниот син, но бидејќи евиденцијата за развод во таа држава е затворена за јавноста, деталите се непознати.

Разводот изгледаше конечен кон крајот на минатата година, кога адвокатот на познатата манекенка ги поднесе сите потребни документи – вклучувајќи предлог-пресуда и договор за старателство над децата. Сепак, судот потоа ја врати пресудата на ревизија. Дотогаш, очигледно веќе беше постигната спогодба, но и таа останува подалеку од очите на јавноста.

Емили поднесе барање за развод во септември 2022 година, четири години откако се венчаа. Тие се разделија неколку месеци претходно, во јули, а разделбата наводно била предизвикана од неверството на Себастијан. Двојката има син, Силвестер Аполо Бер, кој е роден во март 2021 година. Момчето живее со Емили, но го гледа својот татко неколку пати неделно.

Во разговор за подкастот „Гоинг ментал“, Емили призна дека долго време се двоумела дали да го прекине бракот.

„Долго време немав храброст да си заминам. Бев многу несреќна, Стресот го чувствував и физички – имав 45 килограми, веднаш по породувањето. Не се чувствував добро“, искрено рекла таа тогаш.

Таа, исто така, зборуваше за тоа како се обидела да најде помош – земала антидепресиви, но чувствувала дека проблемот не е во неа.

„На крајот, научив дека треба да ги слушам сопствените инстинкти“, додала таа.

Во интервју за „Вог Австралија“ во ноември минатата година, Ратајковски откри дека размислува да напише книга за разводот, надевајќи се дека ќе ги разбие општествените предрасуди.

За разлика од Емили, Себастијан целосно се повлече од јавноста, особено откако две тинејџерки изнесоа сериозни обвинувања дека тој ги злоупотребувал и сексуално ги експлоатирал на Инстаграм.

Емили, од друга страна, ужива во нова фаза од својот живот. По разводот, таа беше поврзана со голем број познати мажи – од комичарот Ерик Андре, до пејачот Хари Стајлс, со кого беше видена како се бакнува на улиците на Токио во март 2023 година, до диџејот Орази Рисп, францускиот актер Стефан Бак и музичарот Шабузи.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....