24 C
Скопје
08:52 - 10 јули, 2026

„Имав 50 марки во џебот и си заминав“: Гоца Тржан откри како се распаднала групата „Тап 011“

Денес, Гоца Тржан се смета за една од најуспешните пејачки на балканската сцена, но ретко кој знае низ што поминала додека ја градела својата кариера.

Во емотивна исповед во емисијата „Од профил“, таа откри непознати детали од периодот кога беше дел од групата „Тап 011“, од првите настапи со Снежана Бабиќ Снеки, па сè до моментот кога, како што вели, „со само 50 марки во џебот“ решила да ја напушти групата и да започне соло кариера.

-Луѓето не знаат дека ја имавме нашата прва турнеја со Снеки уште пред да го издадеме албумот, во 1994 година. Патувавме низ цела Србија со неа, настапувавме во секоја сала, а таа нè најавуваше како идниот најдобар бенд. Никогаш нема да го заборавам тоа. Бевме деца, имавме 19-20 години, а дури добивавме и дневници – рече Гоца.

Како што рече, по неколку месеци работа и појавување на телевизија, нејзиниот живот целосно се променил.

– Заработив толку многу што можев да се возам со такси, да положам за возачка дозвола и да си купам автомобил. Тоа ми беше знак дека трудот се исплатеше – призна пејачката.

Сепак, дури ни тогаш не било сè идеално. Лошата атмосфера во бендот и нарушените односи меѓу членовите ја натерале Гоца да донесе голема и ризична одлука.

– Со Перо не разговарав една година, глупости, детски работи. Енергијата беше лоша, сè почна да се распаѓа. Се сеќавам дека еден ден отидов на забар, имав само 50 марки во џебот и се прашав – што следно? Во тој момент, едноставно ми „кликна“ и им реков: „Луѓе, не лутете се, си одам“ – откри Гоца во емисијата.

После тоа Гоца изгради успешна соло кариера и ја освои публиката низ целиот регион. Со својот поранешен сопруг Иван Маринковиќ, таа ја доби ќерката Лена, а потоа ја запозна љубовта на својот живот, Раша Новаковиќ, со кого е сè уште во врска.

Слични објави

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо
Се вчитува....