17:50 - 7 ноември, 2026

Се породи Линдзи Лохан, животот го смени од корен: Од најскандалозна глумица до посветена мајка

Пред неколку месеци, Линдзи Лохан, која се омажи за финансиерот Бадер Шамас во 2021 година, ги изненади сите кога откри дека е бремена и дека очекува момченце. Таа сега се породила во Дубаи, каде парот живее, а својот прв наследник го нарекле Луаи. Името е од арапско потекло и значи „штит“ или „заштитник“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nestig (@nestigbaby)

Лохан последен пат беше фотографирана на 9 февруари на ревијата на Кристијан Сириано во Њујорк. Актерката тогаш носеше широка облека, а никој не се ни посомневал дека е бремена. Таа објавуваше фотографии и на Инстаграм, но секогаш го криеше средниот и долниот дел, па речиси никој не можеше да заклучи дека актерката е всушност бремена. Дури подоцна почна да споделува фотографии во веќе поодмината бременост.

Кариерата ја започна уште како дете, а вртоглавиот успех и донесе бројни улоги, но и проблеми со алкохолот. Продуцентите и режисерите не сакаа да соработуваат со неа, а папараците имаа полни раце работа фотографирајќи ја како постојано се забавува. Беше и во притвор поради возење во пијана состојба, по што беше осудена на 120 часа општествено корисна работа.

Но откако речиси преку ноќ се пресели во Дубаи и се запозна со финансиерот Шамас, животот го промени од корен. Денес навистина има што да прославува.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....