7.8 C
Скопје
02:12 - 20 октомври, 2026

„Сакам да бидете домаќини“: Марија Шерифовиќ им посака победа во Хрватска

Пејачката и поранешна победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ, одржа концерт во Славонски Брод во Хрватска.

За време на паузата во изведбата на хитовите кои ја одбележаа нејзината кариера, таа им се обрати на присутните да им каже да го поддржат нивниот претставник на Евровизија, Бејби Лазања, во финалето што ќе се одржи вечерва во Малме:

„Знаете што, Евровизија некому му е важна, некому не, но утре во девет треба да навивате за вашиот Бејби Лазања. Тој настапува под број 23, јас знам повеќе од вас. Сега ова не го велам како евровизиски фан, туку како личност која учествувала, верувајте ми, на оние луѓе кои одат таму, им е многу важна, како и секоја ваша работа, желбата за успех и остварување на некои соништа. Сакам моите соседи да бидат домаќини следната година, а вие ќе разберете што значи тоа и за Хрватска…“, рече Марија на концертот и продолжи:

„Значи, ние навиваме, вие за Теја Дора, ние за Бејби Лазања. За мене нема граници, луѓето ги третирам дали се добри или помалку добри, или воопшто не се добри… И тие упорно се обидуваат да повлечат граници“ .

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....