10:51 - 29 ноември, 2026

Рускиот заменик министер за надворешни работи: „Русија е подготвена за дијалог за Украина без предуслови“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Русија е отворена за дијалог за Украина без предуслови. Тој ова го изјави на новинарите, а пренесува руски РИА Новости.

– Можам само да ја потврдам позицијата – отворени сме за дијалог, без предуслови“, рече тој.

Според него, Украина „го прекина дијалогот што се движеше напред“.

Претходно шефот на прес-службата на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека САД чекаат сигнали од Русија за сериозни преговори за Украина.

Советникот за национална безбедност на претседателот на САД Џејк Саливан изјави дека Вашингтон не врши притисок врз Киев по прашањето за преговорите со Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така рече дека „не ја затворил вратата“ за преговори со Русија.

Неделава Зеленски рече дека Киев е подготвен да преговара со Москва само доколку Русија исполни голем број услови, вклучително и враќање на териториите, компензација за штетите и гаранции, вклучително и спречување на повторување на непријателствата на територијата на Украина, како и мерки против воените злосторници.

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....