16:37 - 8 ноември, 2026

Реприза од 1985 година: „Queen“ го повтори легендарниот сет од фестивалот „Лајв еид“, овојпат во Австралија! (ВИДЕО)

На чело со фронтменот Адам Ламберт, легендарната група „Queen“, синоќа го репризираше легендарниот сет од фестивалот „Лајв Еид“ од 1985 година, откако бендот имаше 22-минутен настап на големиот хуманитарен концерт во Сиднеј, Австралија. 

Настапот на „Queen“ всушност беше дел од 10-часовниот музички спектакл, чија цел беше да се соберат 10 милиони австралиски долари, за заедниците погодени од неколкумесечните пожари во Австралија.

Во катастрофалните пожари загинаа 33 луѓе и изгореа илјадници домови, а огромни штети доживеа и животинскиот свет. 

Оливија Њутн Џон, Расел Кроу, Алис Купер, беа само некои од светски познатите ѕвезди кои беа дел од овој настан од големо значење.

Фото: EPA

Оригиналните членови на „Queen“, Брајан Меј и Роџер Тејлор, го одржуваат бендот во живот настапувајќи со Адам Ламберт, кој се прослави во шоуто „Американски идол“.

– Беше вистинска чест да се изведе целиот сет од „Лајв еид“ – порача Ламберт, со што го реинкарнираше историскиот настап на овој фестивал на оваа група.

Споменатиот фестивал од 1985 година се одржа на стадионот „Вембли“ во Англија, кога големите рок ѕвезди се здружија за помош на гладните во Африка.

Во таа прилика „Queen“, тогаш на чело со неповторливиот Фреди Меркјури, одржаа настап кој се смета за најдобар на сите времиња. 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....