7.8 C
Скопје
22:16 - 31 март, 2026

Пријанка Чопра со деколте до папок ги остави сите занемени! (ФОТО)

Пријанка Чопра, една од најубавите жени на светот, поранешна Мис на светот, актерка и сопруга на Ник Џоунс, не е срамежлива кога некој модел на фустан ќе ѝ се допадне.

Profimedia

Атрактивната Пријанка Чопра е позната по тоа дека не се плаши да експериментира со стилот, па неретко можеме да ја видиме во интересни бои, кроеви и модели, а овој пат одлучи да не воодушеви со смелоста да покаже повеќе од останатите.

Profimedia

Актерката на 62-те Греми награди носеше тоалета која е потпишана од модната куќа Ралф и Русо, а која има се: ексцентрични реси на ракавите, чипка, циркони, лилјак-ракави, сирена-крој, но и деколте кое се протега до средина на стомакот, поточно неколку сантиметри испод папокот.

Profimedia

Пријанка овој стил го надополнила со впечатлив накит, а се определила за нешто посуптилна шминка. Посебно впечатлив е начинот на кој Чопра сакаше да му оддаде почит на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант – на еден од ноктите имаше напишано 24, што е бројот кој покојниот спортист го носеше на својот дрес додека професионално се занимаваше со спортот.

Profimedia

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....