18:55 - 30 јануари, 2026

Преживеала пад од хеликоптер, се омажила 4 пати, а денес има 66 години и изгледа совршено!

Американската манекенка, актерка и претприемачка Кристи Бринкли (66) ги воодушеви своите 590.000 следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографии од луксузниот крузер, па уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат една од најсексапилните и најубави жени во светот.

Многумина заклучиле дека оваа 66 годишна русокоса делува дупло помлада.

Нејзиниот заштитен знак е долгата руса коса во локни, широка насмевка која ретко ја симнува од лице, но и виткото тело со кое може без проблем да ги засени помладите колешки. Својот изглед го должи на правилната исхрана, позитивен дух и квалитетен сон, но се разбира, таа и вежба во теретана, плива и скија.

Сепак, за нејзиниот изглед делумно е заслужен и ботоксот кој го вбризгува во врат, а не во чело, а покрај тоа, таа оди и на ласерски третмани за подмладување.

– „Ти дефинитивно со божица, прекрасна си и ми го одземаш здивот“, „О, боже, каква убава дама“, „Ми се допаѓа твојот став“, „Најдобра од најдобрите“, „Косата ти е преубава“, „Ти не старееш“, „Вистинска убавица“, „Ја сакам твојата насмевка“, „Ти си ми инспирација, прекрасна надворешно и внатрешно“ – се само некои од илјадниците коментари.

Кристи светската слава ја стекна откако се појави во магазинот „Sports Illustrated“, за кого позираше во боди, а потоа дури трипати ја бараа повторно да слика за нив. Во својата богата кариера се има сликано повеќе од 500 пати за насловни страници, а беше заштитно лице и на многу славни модни куќи и брендови.

Во јавноста најпозната е по појавувањето во легендарниот спот за песната „Uptown Girl“ на пејачот Били Џоел, а со кого беше и неколку години во брак.

Магазините „Allure“ и „Men’s Health“ оваа убавица ја прогласија за една од најатрактивните жени на сите времиња.

Кристи позади себе има четири брака.

Во 1973 се омажила за францускиот уметник Жан Франсоан Алоу. Се развеле во 1981 година.

1985 година се омажила за музичарот Били Џоел, кого го запознала во 1983 година на Сент Барт на Карибите. Се венчале на 23 март 1985 година, на јахта. На двајцата тоа им било втор брак, а точка на се ставиле во август 1994 година. Од нивната љубов добиле едно дете, ќерката Алекс Реј.

1994 година Кристи се омажила за човек кој се занимавал со недвижности. Тој се викал Ричард Тобман, а ги запознал заеднички пријател во 1994 година и во мај истата година се свршиле.

Кристи за Ричард се омажила на 22 декември 1994 година во Колорадо, во близина на местото на кое двајцата имаа хеликоптерска несреќа на први април 1994 година.

Убавицата имала 40 години кога се омажила за шест години повозрасниот Ричард, а на денот на венчавката соопштила дека чекаат син.

Бракот им завршил во 1995 година со едно дете, синот Џек Перис Тобман, роден на втори јуни 1995 година.

1996 година, Кристи се омажила за архитектот Питер Хелси Кока.

Тие се свршиле на 21 септември 1996 година, а две години подоцна ја добија ќерката – Сејлор Ли Бринкли Кук.

Во јули 2006 година беше објавено дека Кристи и Петар се разведуваат. Тие договор постигнале во јули 2008 година, а странските медиуми пишуваат дека официјално се развеле или на 12 септември или трети октомври, 2008 година.

 

 

Слични објави

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо
Се вчитува....