15:52 - 8 ноември, 2026

Познат јужнокорејски актер пронајден мртов во својот дом, имаше само 39 години

Познатиот јужнокорејски актер Сонг Јае-рим, најпознат по улогата во серијата „Месечината го прегрнува сонцето“, почина трагично на 39-годишна возраст. Актерот е пронајден мртов во својот дом во Сеул на 7 ноември, соопшти локалната полиција, пренесува „Дејли мејл“.

Како што понатаму се наведува, неговото тело го пронашол пријател кој пристигнал во станот за да руча со актерот. Полицијата на лице место пронашла и писмо напишано на две страни.

Официјалните лица рекле дека нема индиции за какви било сомнителни околности, а точната причина за смртта сè уште е под истрага. Семејството на актерот соопшти дека погребот ќе се случи на 14 ноември со присуство на најблиското семејство.

Сонг е најпознат по улогата во хит серијата „Месечината го прегрнува сонцето“, а глумеше и во продукциите „Жешки нудли“, „Кул момци“, „Две недели“ и други.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....