10.8 C
Скопје
00:11 - 29 септември, 2026

Поранешната девојка на Канје Вест објасни зошто го променила изгледот: „Мажите повеќе не ме сметаат за привлечна, а тоа ми дава слобода“

Поранешната девојка на Канје Вест, актерката и модел Џулија Фокс, даде интервју за Њујорк Тајмс во кое објасни зошто го променила својот изглед.

Во интервјуто Џулија Фокс зборува за нејзината нова книга со мемоари насловена „Down the Drain“. Во едно од последните поглавја од книгата, актерката призна дека мажите повеќе не ја сметаат за привлечна.

„Конечно можам да одам по улиците без да се плашам дека ќе ме препознаат, ќе ми довикуваат или ќе ме поздрават. Како да сум го живеела целиот мој живот како роб на машкиот поглед и уживам во оваа новооткриена слобода“, напиша Фокс во новата книга.

На прашањето на новинарката дали ѕвездата навистина престанала да се смета себеси за привлечна, Џулија Фокс одговори дека често добива негативни коментари за нејзиниот изглед. Актерката појасни дека на многумина не им се допаѓа „чудниот“ тенок облик на нејзините веѓи.

„Често ми велат дека сум ослабела многу, дека задникот ми исчезнал, дека веѓите ми изгледаат чудно, дека намерно се изобличувам. Секако, знам дека има мажи кои би спиеле со мене со голема возбуда, но тоа веќе не е она што ме дефинира. Порано бев баш таква: секси девојка. Сега не сум товеќе таа“, објасни актерката.

На крајот од интервјуто, новинарката ја прашала Фокс: „Која си ти сега?“, на што актерката кратко одговорила: „Мајка“.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....