20:13 - 7 ноември, 2026

Џеј Зи, Тимбаленд и Џинувајн победија тужба за авторски права

Раперот Џеј Зи, продуцентот Тимбаленд и аренби-пејачот Џинувајн го убедија федералниот судија на Менхетен да ја отфрли тужбата на соул-музичарот Ерни Хајнс, кој тврдеше дека незаконски семплирале една од неговите песни од 1969 година.

Американскиот окружен судија Пол Оукен во понеделникот пресуди во полза на обвинетите нагласувајќи дека хитот на Џеј Зи – Paper Chase и хитот на Џинувајн – Toe 2 Toe, и двете напишани и продуцирани од Тимбаленд кон крајот на 90-тите, не ги прекршуваат авторските права на Хајнс во неговата песна Help Me Put Out The Flame (In My Heart).

Адвокатот на Хајнс не одговори веднаш на барањето за коментар за одлуката.

Претставник на „Ворнер мјузик“, обвинет во случајот, одби да коментира.

Хајнс првпат поведе тужба поради песните во 2019 година тврдејќи дека тие копирале дел од воведот на неговата песна. Обвинетите рекоа дека делот не е подобен за авторски права затоа што е преземен од т.н. сток-фраза (музичка фраза, форма или ритам) во дело од 1914 година,  „Mysterioso Pizzicato“, што се користи во најмалку 28 други песни и стана синоним кај филмските негативци.

Судијата Оукен се согласи дека песната на Хајнс „позајмува од многу користено дело, кое е во јавен домен и додава материјал што не е доволно оригинален за да биде заштитен со авторски права“.

Оукен исто така рече дека релевантните делови од песните на Џеј Зи и Џинувајн не се доволно слични за Хајнс да покаже кршење авторски права, дури и ако неговиот вовед е заштитен со авторски права.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....