13.8 C
Скопје
20:14 - 20 октомври, 2026

Попоски со детална анализа за претстојното лето: Ќе имаме ли есктремно топли африкански бранови?

– Претстојното лето во Македонија барем според најновите метео анализи нема да донесе некоја екстремна топлина и екстремно топли Африкански бранови. Напротив, температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатото лето кога имавме чести и екстремно топли Африкански бранови и истите се задржуваа кај нас многу долго.

Оваа година во текот на летните месеци ќе има почести врнежи и циклонски активности. Очекуваме чести поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, а можни се и локални поројни ПОПЛАВИ.

Исто така во Македонија ова лето очекуваме и почести невремиња со појава на град и на силни електрични празнења (громови). Можни се и штети поради временските непогоди кои се очекуваат. Температурите во најтоплите централни и југоисточни предели не би требало да надминуваат 40 степени, и ваквите температури ќе бидат поретки оваа година.

Во останатите предели од државава ќе биде посвежо.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во оваа анлиза се можни. Граѓаните најдобро е да ги следат нашите пократкорочни метео анализи и истите се далеку попрецизни.

Летото кое е пред нас и кое ќе биде со пониски температури од изминатото лето се должи на ладењето на Атмосферата во Европа. Истото е поврзано со глобалното затоплување и топењето на мразот на Антарктикот, топењето на мразот на Антарктикот ја лади и ги намалува температурите во Европа и на Балканот – објаснува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.
Се вчитува....