14:44 - 27 ноември, 2026

По операциите, Анџелина Џоли ги однесе своите деца во кино (ФОТО)

Познатата холивудска ѕвезда Анџелина Џоли, по операцијата на нејзините ќерки Шилох и Захара, одлучи да ги однесе во кино, а папараците веднаш тоа го забележаа. 

Во текот на последните два месеци, Џоли мораше да гледа како нејзините две ќерки Захара и Шилох се подложени на операции.

Сега веќе кога проблемите се зад нив, познатата актерка и хуманитарец реши да помине квалитетно време со двете девојчиња и да ги однесе во кино во Лос Анџелес во понеделникот.

Фото: Профимедиа

Џоли и двете ќеркичи беа забележани од папараците веднаш откако нивното возило застана на паркингот пред кино салата.

Бидејќи Шилох неодамна имаше операција на колкот, на 13-годишната ѝ беше потребна помош од мајка ѝ, која излезе од возилото за да ѝ подаде патерици.

Сепак, и покрај отежнатото движење, се гледа дека малата Шилох е веќе во подобра здравствена состојба. 

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....