11.8 C
Скопје
15:56 - 30 март, 2026

Откријте какво ВРЕМЕ ќе имаме ОВАА седмица: Метео прогноза до 9. април

Секој викенд со нас е Славчо Попоски, метео-прогнозер, кој нè известува какво ќе биде времето во текот на целата седмица.

Повторно се менува времето во Македонија.

Според Попоски на планините, и на некои повисоки места, повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

– Посвежо време ќе се задржи и во првите денови од следната недела, додека во текот на следната недела исто така времето се задржува променливо со повремени локални врнежи од дожд. Барем отсега гледано, поинтензивни врнежи и посвежо време повторно ќе имаме за време на следниот викенд, кога на планините повторно ќе има услови за врнежи од снег, вели Попоски.

Минималните температури речиси насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени, додека малку посвежо останува во западните предели – објаснува Попоски.

Да напоменеме дека нашите метео анализи редовно можете да ги следете на интернет порталите еспресо.мк и слободен печат.мк, а за секоја новонастаната временска состојба ќе бидете навремено инфомирани.

 

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....