17:20 - 27 ноември, 2026

Нетфликс го откажа филмот со ВИЛ СМИТ: Еве кои други проекти на Смит се засегнати од хаосот по Оскар

вил смит

Fast and Loose и други проекти на актерот Вил Смит се откажуваат по скандалот на Оскарите.

Fast and Loose, кој требаше да биде еден од следните водечки наслови за Нетфликс, секако не е роден под среќна ѕвезда и продукцијата продолжува да има проблеми. Името на Вил Смит беше поврзано со проектот уште од самиот почеток, а актерот беше ангажиран да глуми криминален шеф во возбудлив акционен трилер.

Како што известуваат и Variety и The Hollywood Reporter, една недела пред доделувањето на наградите Оскар и шамарот на Крис Рок, назначениот режисер на филмот Дејвид Лајч го напуштил проектот. Тој се повлекол за да работи за Universal со Рајан Гослинг на Fall Guy, чија продукциска работа се очекува да започне следниот август. Среќен тајминг, но дефинитивно несреќен во центарот на новите случувања. Всушност, сега Нетфликс крева цврста кочница на Fast and Loose.

По веста за повлекувањето на Дејвид Лајч, Нетфликс започна потрага по нов режисер за Fast and Loose. Но, по нападот на Вил Смит врз Крис Рок за време на церемонијата на доделување на Оскарите, стриминг гигантот се врати чекор наназад, со што практично ја запре продукциската работа, која заврши на дното на приоритетната листа. Variety објави дека иднината на филмот останува неизвесна и се уште не е познато дали Нетфликс ќе тргне во потрага по нов глумецкој ќе го замени Смит. Нетфликс пак, сè уште нема коментари за ова.

Но, Fast and Loose не е единствениот проект што би можел да настрада од вревата што се крена по гестот на Вил Смит. „Emancipation“, од Антоан Фуква за Apple TV +, со оскаровецот на Крал Ричард, во моментов е во постпродукција. Се очекува да излезе во текот на 2022 година, но сè уште не се знае дали ќе има промени и дали проектот сепак ќе се стопира. Холивуд репортер исто така известува дека и Bad Boys 4 е проект во мирување.

Во меѓувреме, Смит поднесе оставка од Академијата, со белешка во која прецизираше дека е подготвен да прифати какви било последици од неговиот гест. Ќе видиме дали ќе пристигнат официјални коментари или нови случувања во наредните денови, а Академијата ќе одлучува за одземање или не на неговиот Оскар на 18.април.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....