22:47 - 8 ноември, 2026

Откриено што се случило со автомобилите на Саша Поповиќ: Имал возен парк од милион евра, еве кој сега го вози познатото црвено ферари

Саша Поповиќ бил голем љубител на луксузни автомобили, а неговиот возен парк бил проценет на околу еден милион евра. По неговата смрт се шпекулираше дека вдовицата на Саша, Сузана Јовановиќ, продала дел од автомобилите што ги поседува семејството, но тоа не е вистина.

Како што сега се наведува, сите автомобили сè уште се во сопственост на семејството, а ова го потврди и учесникот на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ од годинава, Зоран Ружиќ Ферари. Малку е познато дека Зоран ги сервисирал автомобилите на Саша Поповиќ и дека покојниот директор на „Гранд продукција“ првпат го слушнал како пее кога дошол во Виена на автосервисот каде што работи Зоран.

– Секако дека е ограничен модел бидејќи му припаѓа на посебна личност. Уникатен е, посебен и емотивно најдраг ми е бидејќи му припаѓа на нашиот покоен г-дин Саша Поповиќ – изјавил Зоран за „Гранд“ и јавно ѝ се заблагодарил на Сузана Јовановиќ:

– Благодарен сум на неговата сопруга што ми дозволи да дојдам со овој автомобил. Го знам секој детаљ од овој автомобил, бидејќи самиот го сервисирав. Ми евоцира спомени на Саша. Ферари не е за секого. Ова е ограничена серија, плус има некои индивидуални детали што тој лично ги сакал. Нема два вакви – истакнал Зоран Ружиќ.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....