20.8 C
Скопје
13:27 - 27 септември, 2026

Откажан настапот на Рада Манојловиќ во Сараево: Бикови истрчале и прегазиле деца и возрасни!

Рада Манојловиќ

Српската пејачка Радмила Манојловиќ неодамна требало да настапи на манифестација на Илиџа, која долго време се промовираа низ Босна и Херцеговина.

Станува збор за вашар и корида на Илиџа, во Сараево.

Сепак, нејзиниот настап бил откажан. Како што се наведува, пред нејзиното гостување, бикови успеале да ја пробијат оградата и да прегазат деца и луѓе кои биле во близина на тоа место.

Во инцидентот биле повредени неколку лица, но за среќа нема загинати, што понекогаш се случува кога станува збор за вакви несреќи.

Поради овој несреќен настан, целиот настан бил откажан, а кога од организацијата ја известила Ради што се случило, пејачката поради шокот со часови не можела да си дојде при себе.

– Интересот за настапот на Рада беше огромен, Сараевчани ја обожаваат. Таа дури неколку дена порано дојде во Сараево. Малку уживаше, шеташе низ Башчаршија, но сними и некои интересни реклами. Таа требаше да биде и гостин на теферичот и коридата како специјална гостинка. Меѓутоа, се случи страшна несреќа со биковите кои повредија многу луѓе, па настанот беше откажан. Таа вест многу ја потресе Рада. Сестрата Маја едвај ја утеши, но малку се смири кога дозна дека со повредените сè ќе биде во ред и дека сè можело да заврши многу полошо – изјавиле организаторите, пренесува српски „Курир“.

Рада ги потврди овие наводи.

– Вистина е дека дошло до несреќа. Требаше да гостувам на вашарот и коридата, но се случи тој несреќен случај. Како што ми рекоа, за жал, биковите излетале од оградениот простор и прегазиле деца и возрасни. Тие се повредени и затоа е откажана целата прослава. Јас немам контакт со децата, тоа е тажна вест, но им посакувам на сите повредени брзо да закрепнат. Тоа се сепак бикови, тешки  повеќе од еден тон – изјавила пејачката.

 

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....