13:04 - 28 ноември, 2026

Објавени номинациите за Златен глобус 2025: Филмот со Селена Гомез доминира во 10 категории

Номинациите за 82. доделување на наградите Златен глобус беа објавени синоќа.

Актерите Минди Калинг и Морис Честнат ја објавија листата на номинации за 2025 година, каде предводи криминалистичкиот мјузикл „Емилија Перез“ на Жак Одиар со дури 10 номинации.

Епската повоена драма „Бруталист“ на Брејди Корбет има седум номинации, додека возбудливиот трилер „Конклава“ на Едвард Бергер има шест номинации.

Фото: Wikimedia Commons

Епската повоена драма „Бруталист“ на Брејди Корбет има седум номинации, додека возбудливиот трилер „Конклава“ на Едвард Бергер има шест номинации.

Меѓу номинациите кои изненадија се онаа на Памела Андерсон за најдобра актерка во категоријата драма за нејзината изведба во „Последната филмска девојка“. Другата беше номинацијата на Џејми Фокс за најдобра стенд-ап изведба за неговата специјална „Џејми Фокс: Она што се случи беше“.

Холивудската ветеранка Виола Дејвис и трикратниот добитник на Златен глобус, Тед Денсон ќе бидат добитници на наградата „Сесил Б. Демил“ и на наградата „Керол Барнет“.

Доделувањето на наградите Златен глобус за 2025 година ќе се одржи на 5 јануари и ќе се емитува во живо на „Си-би-ес“.

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....