22.8 C
Скопје
17:28 - 19 октомври, 2026

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Бруклин Бекам наводно повеќе не сака да има никаков директен контакт со своите родители, Дејвид и Викторија Бекам, поради што е јасно дека семејниот конфликт се продлабочува.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, 26-годишниот Бруклин Бекам со своите родители за последен пат разменил писма уште минатото лето, а сè било „направено“ преку нивните адвокатски тимови. Според добро информирани извори, Бруклин јасно ставил до знаење дека не сака неговите родители да го контактираат директно ниту јавно да зборуваат за него на социјалните мрежи и дека секоја комуникација треба да оди исклучиво преку неговите адвокати.

Тој наводно поднел такво барање откако бил навреден од медиумските написи и текстови за неговата сопруга Никола Пелц, во кои се сугерирало дека таа го „контролира“ и дека тој е еден вид „заложник“ во оваа врска.

– На Дејвид му беше кажано дека комуникацијата може да оди само преку адвокатската канцеларија „Шилингс“. Тоа е единствениот дозволен начин на комуникација – рекол изворот.

Тензиите во семејството дополнително се зголемија минатиот месец, кога 20-годишниот син Круз Бекам тврдеше дека Бруклин ги блокирал и него и неговите родители на Инстаграм, отфрлајќи ги тврдењата дека Дејвид и Викторија се тие што го блокирале најстариот син.

– Тоа не е вистина. Моите мајка и татко никогаш нема да престанат да го следат својот син. Ајде да ги разјасниме фактите. Тие се разбудија блокирани… исто како и јас – напишал Круз.

Иако Бруклин не бил вклучен во прегледот на Инстаграм на Дејвид за 2025 година, на кој беа прикажани останатите негови деца – Круз, Ромео (23) и Харпер (14) – поранешниот фудбалер објави фотографија со својот најстар син во својата инстаграм-приказна истиот ден.

– Благодарен сум на моето семејство. Вие сте мојот живот. Ве сакам сите. Тато – напиша Дејвид, а Викторија потоа ја сподели објавата на својот сопруг, вклучувајќи и фотографија со Бруклин.

Слични објави

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо
Се вчитува....