16:37 - 8 ноември, 2026

Никола Роквиќ ја најави свадбата со Бојана: „Можеби конечно е време да те примиме во семејството Роквиќ“

Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ се заедно повеќе од една деценија, а во 2016 година стапија во црковен брак во манастирот Милешева.

Тие добија три деца, син и две ќерки, но никогаш не организираа свадбена веселба или граѓанска венчавка.

Сега, Никола објави фотографии од нивната црковна венчавка и најави дека е време да организираат свадба и да стапат во граѓански брак.

„На овој ден во 2016 година, се заколнавме на вечна љубов пред Бога. Можеби конечно е време да те примиме во семејството Роквиќ и да те изнесеме пред народот. Подготви се, невесто“, напишал пејачот.

Коментарите и честитките се нижеа под неговата објава на инстаграм-профилот, и сите беа воодушевени од радосната вест.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....